social image

Инова Либ

Здружение за развој и иновации на библиотеки

Добредојдовте на страната на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ кое е регистрирано на иницијатива на група ентузијасти, библиотечни професионалци и стручњаци со цел размена на вештини, знаења и ресурси помеѓу членовите на здружението и библиотечната заедница, заради остварување на пошироки заеднички интереси за развој на библиотеките во Р.Македонија. Успехот на ИНОВА ЛИБ ќе биде директен резултат на ентузијастичките напори на членовите на Здружението, затоа Ве покануваме да ни се придружите на овој добар пат кој ќе ни помогне да ги зајакнеме нашите вештини, нашите библиотеки. Направете го тоа за вашата библиотека и за сите библиотеки во Македонија: приклучете ни се уште денес!

Настани и вести

Сите вести

02-10-2018| Поетски портрет на Борче Панов

Во организација на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш во присуство на голем број вработени во јавните библиотеки од Република Македонија кои присуствуваа на дводневната работилница „Дигитални библиотеки“ и пред љубопитната радовишка публика беше претставен поетскиот портрет на роднокрајниот автор Борче Панов.

Прочитај повеќе

02-03.10-2018| Дводневна работилница „Дигитални библиотеки“

Во присуство на 35 вработени во библиотеките во Р Македонија, во организација на Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ денес во Радовиш започна дводневниот семинар на тема „Дигитални библиотеки“ кој е дел од проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки".

Прочитај повеќе

Работилница - Кариерно водење како нова библиотечна услуга

Од 22-23 јуни во хотел „Вила Парк“ во Струмица се одржа обука за библиотекари од десет јавни библиотеки од Македонија. Обуката ја организираше Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ, во рамките на проектот „Креативни умови ја креираат иднината", финансиран од Владата на САД.

Прочитај повеќе

Од нашиот блог

Партнери и соработници

Фотографии од последните настани

Членство

Сакате да бидете наш член?