Инова Либ

Здружение за развој и иновации на библиотеки

Добредојдовте на страната на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ кое е регистрирано на иницијатива на група ентузијасти, библиотечни професионалци и стручњаци со цел размена на вештини, знаења и ресурси помеѓу членовите на здружението и библиотечната заедница, заради остварување на пошироки заеднички интереси за развој на библиотеките во Р.Македонија. Успехот на ИНОВА ЛИБ ќе биде директен резултат на ентузијастичките напори на членовите на Здружението, затоа Ве покануваме да ни се придружите на овој добар пат кој ќе ни помогне да ги зајакнеме нашите вештини, нашите библиотеки. Направете го тоа за вашата библиотека и за сите библиотеки во Македонија: приклучете ни се уште денес!

Настани и вести

Сите вести

02-03.10-2018| Дводневна работилница „Дигитални библиотеки“

Во присуство на 35 вработени во библиотеките во Р Македонија, во организација на Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ денес во Радовиш започна дводневниот семинар на тема „Дигитални библиотеки“ кој е дел од проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки".

Прочитај повеќе

Работилница - Кариерно водење како нова библиотечна услуга

Од 22-23 јуни во хотел „Вила Парк“ во Струмица се одржа обука за библиотекари од десет јавни библиотеки од Македонија. Обуката ја организираше Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ, во рамките на проектот „Креативни умови ја креираат иднината", финансиран од Владата на САД.

Прочитај повеќе

30 мај - 01 јуни |Македонски библиотекари присуствуваа на семинарот „Хортикултурни е-библиотеки“

22 семинар на Виртуелната српска библиотечна мрежа на тема „Хортикултурни е-библиотеки“ (акредитиран во рангот 4.0 од страна на Greenlibraries.org и Програмата за постојано стручно усовршување од страна на Народната библиотека на Србија (библиотечно-информациска дејност за 2018. година),се одржа во Врујице, Република Србија, од 30 мај – 01 јуни

Прочитај повеќе

Од нашиот блог

Партнери и соработници

Фотографии од последните настани

Членство

Сакате да бидете наш член?