Инова Либ

Здружение за развој и иновации на библиотеки

Добредојдовте на страната на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ кое е регистрирано на иницијатива на група ентузијасти, библиотечни професионалци и стручњаци со цел размена на вештини, знаења и ресурси помеѓу членовите на здружението и библиотечната заедница, заради остварување на пошироки заеднички интереси за развој на библиотеките во Р.Македонија. Успехот на ИНОВА ЛИБ ќе биде директен резултат на ентузијастичките напори на членовите на Здружението, затоа Ве покануваме да ни се придружите на овој добар пат кој ќе ни помогне да ги зајакнеме нашите вештини, нашите библиотеки. Направете го тоа за вашата библиотека и за сите библиотеки во Македонија: приклучете ни се уште денес!

Настани и вести

Сите вести

07.06.2017|Семинар Андрагогика – виртуелна средба за обука на библиотекари

Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ на покана на председателот на Асоцијацијата „Современи читалишта“ Георги Петров од Р Бугарија учествуваше на Конференцијата „Андрагогика – виртуална среда за обучение на библиотекари„ ( Андрагогика – виртуелна средба за обука на библиотекари).

Прочитај повеќе

06.06-08.06.2017|Семинар на тема Гејмификација во библиотеките

Во бања Врујци, кај Љиг во Србија се одржа семинар на тема Гејмификација во библиотеките на кој за првпат учествуваа тројца библиотекари од Македонија: Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки, Ивона Џамтовска Јанкуловска и Биљана Кочишка од Градска библиотека Браќа Миладиновци - Скопје

Прочитај повеќе

Инова Либ со свои претставници ќе учествува на Конференцијата на тема "Андрагогика - виртуелна средина за учење на библиотекари"

На покана на Асоцијација "Современи читалишта" и Регионална библиотека "Никола Фурнаджиев", Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ ќе земе учество на Конференцијата на тема "Андрагогика - виртуелна средина за учење на библиотекари" која ќе се одржи во Софија на 7 ми јуни.

Прочитај повеќе

Од нашиот блог

Партнери и соработници

Фотографии од последните настани

Членство

Сакате да бидете наш член?