social image

Инова Либ

Здружение за развој и иновации на библиотеки

Добредојдовте на страната на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ кое е регистрирано на иницијатива на група ентузијасти, библиотечни професионалци и стручњаци со цел размена на вештини, знаења и ресурси помеѓу членовите на здружението и библиотечната заедница, заради остварување на пошироки заеднички интереси за развој на библиотеките во Р.Македонија. Успехот на ИНОВА ЛИБ ќе биде директен резултат на ентузијастичките напори на членовите на Здружението, затоа Ве покануваме да ни се придружите на овој добар пат кој ќе ни помогне да ги зајакнеме нашите вештини, нашите библиотеки. Направете го тоа за вашата библиотека и за сите библиотеки во Македонија: приклучете ни се уште денес!

Настани и вести

Сите вести

20.02.2016 |Одржана четвртата седница на Извршен одбор на Инова Либ

Четвртата седница на Извршниот одбор на Инова Либ се одржа на 20 февруари во просториите на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје. Во присуство на поголемиот број на членови се дискутираше за активностите и работата на Инова Либ во 2015 и програмските активности предвидени за 2016 година.

Прочитај повеќе

29.11.2014 | Прва средба на Ineli Balkans иноватори

Од 26 – 29 ноември во Солун се одржа првата средба на 65 библиотекари иноватори од 12 балкански земји вклучени во проектот INELI-Balkans (International Network of Emerging Library Innovators in the Balkan region).

Прочитај повеќе

LoCloud дигитална библиотека

На 7-мај во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје се одржа работилницата "LoCloud collections - платформа за дигитални библиотеки". За карактеристиките и можностите на презентирање на дигиталната граѓа што ги нуди оваа платформа за малите библиотеки, архиви и музеи зборуваа Бреда Карун, директор на ...

Прочитај повеќе

Од нашиот блог

Партнери и соработници

Фотографии од последните настани

Членство

Сакате да бидете наш член?