Членство

Ви благодариме за разгледување на можноста за членство во Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ, кое е посветено на развојот на библиотеките и библиотечните услуги, професионалниот развој и лидерски вештини на нашите членови. Членството во ИНОВА ЛИБ е отворено за сите видови библиотеки, нивните вработени и граѓаните на Република Македонија.
Ве покануваме да ни се придружите и активно партиципирате во работата на здружението.

Индивидуално членство

Индивидуално членство e отворенo за сите кои работат бо библиотеки или имаат интерес за унапредување на работата на библиотеките, вклучувајќи: професионалци, донатори, пријатели на библиотеките, студенти, волонтери и други заинтересирани граѓани на Република Македонија и странски државјани без оглед на нивниот пол, возраст, етничка припадност, нивната раса, сексуална ориентација и други уверувања, чие членување е со цел да допринесат за развој на библиотеките во Република Македонија и пошироко.

Институционално членство

Сите библиотеки, образовни институции, библиотечни асоцијации, други непрофитни организации кои имаат интерес за библиотеките и библиотекарството и сакаат да помогнат во остварување на целите на Здружението, може да станат институционален Член на ИНОВА ЛИБ.

Придобивки:

  • Професионално усовршување и пристап до најновите трендови во библиотечното работење;
  • Можноста за учество на семинари, работилници, конференции во земјата и странство преку апликација на Здружението;
  • Учество во обуки и професионални предавања од областа на библиотечното работење;
  • Учество во имплементација на проекти на Здружението;
  • Објавување на стручните трудови во изданијата на ИНОВАЛИБ;
  • Можноста за дружење и запознавање со колегите во библиотечната струка  и размена на искуства;
  • Реализација на вашите креативни идеји....итн.

Членарина

Согласно Статутот на Здружението и Одлуката за определување на висина на членарина донесена на седницата на Извршниот одбор на ЗРИБ Инова Либ на 18.10.2014, членовите на Здружението задолжително секоја година плаќаат годишна членарина која изнесува:
Индивидуана членарина за 2015 година: 100 мкд.
Членарина за правни лица (библиотеки) за 2015 година: 500 мкд.

Како да се зачлените

Постојат два практични начини за да се приклучите кон Здружението за развој и иновации на библиотеки ИННОВА ЛИБ:

1. Пополнете ја Пристапницата за членство, испечатете ја и потпишана испратете ја на е-маил или на подолу наведената адреса.

Пристапница за индивидуално членство  
Пристапницата за правни лица (библиотеки)   
2. Пристапница за членство можете да пополните онлајн тука
Податоци за уплата на членарина

Примач: Здружение за развој и иновации на библиотеки Инова Либ
Жиро сметка: 240 1801005237 39
Депонент: Уни банка АД Скопје
Цел на дознака: уплата на годишна членарина


Пополнетата пристапница и уплатницата можете да ги испратите на следната адреса:

Здружение за развој и иновации на библиотеки Инова Либ
ул. „Илинденска“ 1.б
2420, Радовиш
Република Македонија  

Доколку имате прашања Ве молиме контактирајте ја М-р Јелена Петровска на следниот телефон 076 511 297, или на следниот е-маил: innovalib.members@gmail.com
Важно: Пред да започнете со пополнување на Пристапница прочитајте го Статутот на ЗРИБ Инова Либ.