Почитувани колеги,
 

        Добредојдовте на страната на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ кое е регистрирано на иницијатива на група ентузијасти, библиотечни професионалци и стручњаци со цел размена на вештини, знаења и ресурси помеѓу членовите на здружението и библиотечната заедница, заради остварување на пошироки заеднички интереси за развој на библиотеките во Р.Македонија.                              
Здружението е независна, непартиска, непрофитна организација и ќе работи на поддршка на библиотеките, ширење на информации за библиотеките и нивните активности, иницирање на јавна дискусија и создавање на јавно мислење, лобирање и застапување и промоција на важни прашања поврзани со развојот на библиотеките. Успехот на ИНОВА ЛИБ ќе биде директен резултат на ентузијастичките напори на членовите на Здружението, затоа Ве покануваме да ни се придружите на овој добар пат кој ќе ни помогне да ги зајакнеме нашите вештини, нашите библиотеки. Направете го тоа за вашата библиотека и за сите библиотеки во Македонија: приклучете ни се уште денес!

Од   Претседателот