social image

Инова Либ

Здружение за развој и иновации на библиотеки

Добредојдовте на страната на Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ кое е регистрирано на иницијатива на група ентузијасти, библиотечни професионалци и стручњаци со цел размена на вештини, знаења и ресурси помеѓу членовите на здружението и библиотечната заедница, заради остварување на пошироки заеднички интереси за развој на библиотеките во Р.Македонија. Успехот на ИНОВА ЛИБ ќе биде директен резултат на ентузијастичките напори на членовите на Здружението, затоа Ве покануваме да ни се придружите на овој добар пат кој ќе ни помогне да ги зајакнеме нашите вештини, нашите библиотеки. Направете го тоа за вашата библиотека и за сите библиотеки во Македонија: приклучете ни се уште денес!

Настани и вести

Сите вести

Седница на Извршен одбор

На 18 Октомври, во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш се одржа втората седница на Извршниот одбор на Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ.

Прочитај повеќе

10.01.2014 | Повик за иновативни програми во јавните библиотеки!

EИФЛ иновативни програми за јавни библиотеки (ЕИФЛ-ПЛИП) нуди грантови за библиотечните сервиси кои ги подржуваат потребите на децата и младите. Оваа возбудлива можност отворена e за јавните библиотеки од земјите во развој и транзиција.

Прочитај повеќе

24.10.2014 | Работилница на тема: „За буквите, сликовниците и библиотеките: идеи и проекти за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст“

Во рамките на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Германската читалница, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Гете-Институтот, организираат работилница за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст, насловена „За буквите, сликовниците и библиотеките: идеи и проекти“.

Прочитај повеќе

Од нашиот блог

Партнери и соработници

Фотографии од последните настани

Членство

Сакате да бидете наш член?