Прв тематски форум: Јавните библиотеки одговараат на реалните потреби на заедницата

На 6 ти април 2017 година, ќе се одржи првиот тематски форум: Јавните библиотеки одговараат на реалните потреби на заедницата, кој е дел од иницијативата на EIFL-PLIP за Балканот за 2015-2016. На форумот ќе бидат поканети да земат учество носители и спроведувачи на политики, директори на библиотеки, библиотекари, претставници од амбасади, претставници на компании, фондации и невладини организации кои ќе имаат можност да дискутираат како да се направи подобар социјален импакт во општеството. На форумот ќе учествуваат претставници од библиотеки од Бугарија и Србија кои со колегите од Македонија ќе споделат искуства, знаења и добри практики во насока на воведување на иновативност во библиотечното работење.

Форумот ќе се одржи на 6 ти април 2017 г., со почеток во 11 часот во Бизнис сала на Скопски Саем. 
 
Паралелно со форумот во хала 2 на Скопски саем ќе започне и националната кампања "Отворена библиотека – Влези во нов свет!", посветена на улогата на јавните библиотеки во заедницата,  каде ќе бидат поставени штандови за промоција на библиотеките, ќе се формира единствена сцена на книги, автори, издавачи, преведувачи, библиотекари и корисници кои ќе споделуваат искуства. Во рамките на овие активности ќе биде промовирана книгата Библиотекарка од авторот Мирко Марковиќ.
Националната кампања покрај овие активности ќе биде поддржана со медиумска кампања (документарен филм и промотивно видео)  и делење на постери, флаери и граничници на книги во сите јавни библиотеки во Македонија, со цел да се запознае пошироката публика со идејата и концептот на настанот.

Дата на одржување:  6 ти април, 2017 ( четврток)
Време на почеток:  11.00 часот
Место на одржување: Скопски Саем  – Бизнис центар и Хала 2.
Адреса: Беласица 2, 1000 Скопје
Вашето присуство на овој настан е од исклучителна важност.
Ве замолуваме најдоцна до петок, 31 ти март, 2017 година да ја пополните Пријавата која е во прилог, со што ќе го потврдите вашето учество на форумот и да ја испратите на следната е-маил адреса: kampanja.biblioteki2017@gmail.com
За дополнителни информации можете да се обратите кај: 
Иванка Соколова на тел: 070 227 917 и Биљана Кочишка на тел 070 356 264 
Во прилог:
Агендата за форумот - превземете тука  
Агенда за Втора хала на Скопски Саем -
превземете тука
Пријава за учество на форумот -
превземете тука