Инова Либ со свои претставници ќе учествува на Конференцијата на тема "Андрагогика - виртуелна средина за учење на библиотекари"

На покана на Асоцијација "Современи читалишта" и Регионална библиотека "Никола Фурнаджиев" Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ со свои претставници: Јелена Петровска НУУБ Св. Климент Охридски  и Сузана Данаилова од „Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе земе учество на конференција на која ќе бидат презентирани  резултатите од работата на Проектот "Андрагогика - виртуелна средина за учење на библиотекари" што ќе се одржи на 7 јуни 2017 година во Софија.
Проектот е двегодишно стратешко партнерство на меѓународно ниво меѓу партнери од Бугарија, Литванија и Латвија, финансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија, чија главна цел е создавање на средина за бесплатно далечинско учење на библиотекари по андрагогика. За време на настанот ќе биде претставена наставната програма, платформата за учење, изготвените наставни материјали и ќе биде разгледано актуелното искуство и практики на библиотекарите во Бугарија, Србија и Македонија за работа со лица кои се вклучени во формално или неформално учење. 
Повеќе информации за настанот има на следниот линк http://association.bg/bg/news.html?oid=522