22 септември 2017 |Покана за Дискусија за Глобалната визија на библиотеките

Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ срдечно Ве поканува да присуствувате на состанокот за дискусија за Глобалната Визија за библиотеките, кој ќе се одржи на 22.09.2017 во 11 часот во просториите на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје.
Состанокот е дел од поголемо вложување што го спроведува Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции (ИФЛА) - водечко меѓународно тело кое ги застапува интересите на библиотечните и информативните служби и нивните корисници. ИФЛА е основана во 1927 година и прерасна во Федерација со над 1.300 членови во околу 140 земји низ целиот свет.
Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ беше поакането да присуствува со свој претставник  на работилницата IFLA Global Vision која се одржа во Мадрид и има за задача истатата работилница да ја спроведе во Македонија.
Дискусијата на Глобалната визија на ИФЛА обединува илјадници претставници од светската библиотечна дејност за да истражи како библиотеките можат да одговорат на предизвиците на иднината. ИФЛА ја започна и олеснува оваа глобална дискусија на серија состаноци и работилници на високо ниво во различни делови на светот. Исто така, интерактивната онлајн платформа за гласање беше лансирана во август на веб-страницата за дискусија на ИФЛА за глобална визија за да им се даде приоритет на активностите што можат да ги преземат библиотеките обединети и поврзани во библиотечната дејност. Резултатите и заклучоците од овој разговор потоа ќе бидат собрани и анализирани од ИФЛА. Овој уникатен материјал ќе обезбеди основа за сеопфатен извештај на IFLA Global Vision кој ќе биде објавен на почетокот од 2018 година. Врз основа на извештајот, во полето на библиотекарството ИФЛА ќе развие конкретни работни планови за тоа како нашата колективна визија за иднината ќе ја ставиме во пракса.
За време на состанокот, ќе разговараме за визијата на библиотеките, како и за предизвиците и можностите со кои се соочуваат библиотеките и со кои ќе се соочат во иднина. Нашиот состанок ќе биде интерактивен и ние ќе им овозможиме на учесниците да ги искажат своите мислења и да придонесат за обликување на резултатите од состанокот. Ние би сакале преку презентирање на Вашата визија во полето на библиотекарството да дадете придонес кој би бил заеднички и за Македонија и за целиот свет. Заклучоците од состанокот ќе бидат сумирани во извештај кој ќе биде испратен до ИФЛА.
Ние исто така ќе ги поттикнеме учесниците да ги користат социјалните медиуми (Твитер, Instagram, Фејсбук) за време на состанокот. (#iflaGlobalVision.)
При подготовките за состанокот, можеби ќе сакате да размислите за вашата работа во полето на библиотеката: Зошто мислите дека вашата работа е важна? Како ја гледате вашата работа во иднина? Можете исто така да се повикате на извештајот на Тренд ИФЛА, како и на други релевантни публикации за библиотеките, трендовите и случувањата што ги засегаат библиотекарите.
Ние цврсто веруваме дека само обединета и поврзана библиотечната дејност ќе може да исполни еден од вистинските потенцијали на библиотеките: да изградат писмени, информирани и партиципативни општества. Ние би биле почестени ако ја прифатив нашата покана и придонесете за она што ветува дека ќе биде стимулирање на дискусија и размислување што ќе ги инспирира учесниците да дејствуваат. Заедно ја креираме иднината. Придружете ни се!
Ве молиме Вашето учество да го пријавите на следнатата е-маил адреса innovalib@gmail.com најдоцна до 21 септември 2017. За дополнителни информации можете да се обратите кај: Иванка Соколова на тел: 070 227 917 и  Вилма Јованова на тел: 078 472 605.