ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА БИБЛИОТЕКАРИ

Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ во рамки на проектот „Креативни умови ја креираат иднината", финансиран од Владата на САД, објавува повик до јавните библиотеки во Република Македонија за учество во програмата за обуки „Воведување на нови библиотечни услуги“.
Повикот е отворен за сите јавни библиотеки кои се подготвени да воведат иновации во своето работење и ги исполнуваат следните услови:
  • Да имаат простор за одржување работилници за 20 лица
  • Да обезбедат безжичен интернет во текот на одржувањето на две обуки за ученици и студенти
  • Да номинираат библиотекар/координатор кој ќе ги посети обуките и ќе биде одоворен за:
    • воспоставување соработка со училиштата
    • формирање на групи од 20 ученици од трета и четврта година за две интерактивни обуки (Презентирање на програмите кои ги нудат државните и приватните факултети, избор и можности за студирање во земјата и странство;    
Користење на ИТ технологијата во процесот на истражување на можностите за самостоен и професионален развој)
  • Пишување на извештај за  реализираните активности
Методологијата на работа на обуката ќе се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.
Патните трошоци, сместување во хотелот, оброците и материјалите ќе бидат покриени од страна на ЗРИБ „Инова Либ“ преку Проектот „Креативни умови ја креираат иднината“. За времето на одржување, Агендата по која ќе се одвива обуката и детали за местото на одржување, учесниците ќе бидат известени по изборот.

Библиотеките треба да пополнат формулар за пријавување,  потпишан од раководното лице на библиотеката и да се достави скениран на меил адресата innovalib@gmail.com и во печатена форма по пошта на следната адреса: Здружение за развој и иновации на библиотеки, Илинденска бб, Радовиш,
Краен рок за пријавување е 8 јуни (петок) 2018 до 16:00 часот.
 
За сите дополнителни информации и прашања ви стоиме на располагање на споменатата меил адреса и на телефонскиот број 070/227 917. Лице за контакт Иванка Соколова.