30 мај - 01 јуни |Македонски библиотекари присуствуваа на семинарот „Хортикултурни е-библиотеки“

22 семинар на Виртуелната српска библиотечна мрежа на тема „Хортикултурни е-библиотеки“ (акредитиран во рангот 4.0 од страна на Greenlibraries.org  и Програмата за постојано стручно усовршување од страна на Народната библиотека на Србија (библиотечно-информациска дејност за 2018. година),
се одржа во Врујице, Република Србија,  од 30 мај – 01 јуни во присуство на 40 библиотекари од Србија и Македонија. Целта на проектот е запознавање на библиотекарите со можностите да ја користат својата иновативност во унапредувањето на работата на својата институција и квалитетот на услугите кои ги пружа. Во тридневното дружење библиотекарите имаа можност да се запознаат со принципите на примена на стручна литература и електронски бази, хортикултурата во библиотечното опкружување, примери на добри практики во светот и во Србија.
Семинарот го отвори Радован Бели Марковиќ, а предавањата ги водеа:
  • Др. Адам Софронијевиќ, заменик директор на Универзитетска библиотека во Белград, тема: „Говорот на цвеќето и дигиталната парадигма на библиотеките;
  • Инж. Драган Р. Сајиќ, уредник на електронскиот весник Garden,  тема: Електронски хортикултурни магистрали: од струка до пракса и одржливост;
  • Електронско претставување: Дигитална  изложба Говорот на цвеќето
  • Мирко Марковиќ, библиотекар советник, тема: Мрежа на хортикултурни библиотеки во Србија
  • Весна Црнковиќ, Инели Балкан иноватор, тема: Можности и примена на хортикултурниот модел на библиотека
  • Мр. Слободан Стевановски, тема: Хортикултурна Kовацица: Мултиетнички хербариум
На семинарот со свое излагање учествуваше и Беба Станковиќ, Инели Балкан иноватор која зборуваше на тема: ИНЕЛИ – Библиотеки и културна дипломатија.
Предавањата и дружењето беа збогатени со книжевен дијалог во кој учествуваа познатите српски писатели меѓу кои и Милош Латиновиќ.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Интернет клуб од Љиг и Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ во текот на 2018 година ваков вид на работилници ќе се спроведат и за библиотекарите во Македонија кои овие искуства можат да ги применат во работата на своите библиотеки.  

Галерија