11.11.2014 | Лионската декларација за пристап до информациите и развојот преведена на македонски јазик

На Меѓународната конференција на ИФЛА која се одржа од 16 до 22 Август 2014 во Лион, Франција беше усвоена Лионската декларација за пристап до информациите и развојот.  Визијата на потпишаните членки на Декларацијата е подобрен пристап до информациите и знаењето во општеството, потпомогнат од достапноста на информациско-комуникациските технологии (ИКТ), кој го поддржува одржливиот развој и го подобруваа животот на луѓето. Декларацијата досега е потпишана од околу 420 организации и здруженија на библиотеки.

На иницијатива на ЗРИБ ИНОВА ЛИБ беше направен превод на Лионската деклaрација на македонски јазик. Декларацијата е преведена од М-р Розита Петринска Лабудовиќ, секретар на Здружението.
Преводот можете да го превземете тука